Аврил Лавињ ги изненади своите фанови со неочекувано секси спот. За да го означи крајот на својата „Black Star“ турнеја, 27-годишната пејачка го објави спотот за баладата „Goodbye“.
Во видеото популарната бунтовничка се појавува во секси чипкаста долна облека во комбинација со заводлива шминка и фризура.
Спотот е снимен во хотелот Chateau Marmont во Западен Холивуд од нејзиниот пријател Марк Лидел.
Пред почетокот на спотот, Аврил со краток говор им се заблагодарува на своите обожаватели за поддршката.