Аврил Лавињ ги изненади своите обожаватели со вест дека го прифати предлогот за брак од нејзиното момче Чед Кругер. По само шестмесечна врска, бунтовната пејачка и фронтменот на Nickelback ја крунисаа својата љубов со веридба.
„Тие се надополнуваат еден со друг и се многу среќни. Сè уште немаат одредено датум за венчавка. Уживаат во овој момент“ – изјавил близок на парот за „People“.
Чед ѝ предложил брак на Аврил со 14-каратен дијамантски прстен на 8 август.
37-годишниот пејач се заљубил во 27-годишната пејачка додека работеле на нејзиниот петти студиски албум. „Знаев дека се заљубувам во неа. Тоа беше неверојатно моќно и нешто што никогаш нема да го заборавам“ – изјавил тој за „Hello!“ Канада.
Аврил веќе има зад себе еден брак и тоа со гитаристот на Sum 41, Дерик Вибли, со кого се раздели во септември 2009 година.