Аврил Лавињ веќе има нова љубовна романса. Само неколку недели по раскинувањето на веридбата со музичарот Дерек Рајан Смит (Mod Sun), славната пејачка беше фотографирана како си разменува бакнежи со раперот Тајга.
Новиот пар беше „уловен“ од папараците во Париз, каде престојува за најновата Модна недела.
Претходно, Аврил и Тајга беа фотографирани како флертуваат за време на модна ревија.