Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Фотографии кои ја откриваат сличноста меѓу Анџелина Џоли и мајка ѝ

Фотографии кои ја откриваат сличноста меѓу Анџелина Џоли и мајка ѝ

Блиска пријателка на семејството на Анџелина Џоли откри фотографии и детали од детството на познатата актерка.

Фотографиите покажуваат дека Џоли наследила многу од физичкиот изглед на својата мајка Маршелин Бертран.

Маршелин со малата Анџелина ЏолиМаршелин со малата Анџелина Џоли

Во интервјуто за In Touch Weekly, Мари Мајлс споделила дека освен привлечен изглед, Џоли наследила и големо срце од нејзината мајка. „Добрината е дел од нејзините гени. Сметам дека таа беше родена со добра душа од нејзината мајка“ – изјавила Мајлс.

На фотографиите грижливата Маршелин позира со двете деца – малата русокоса Анџелина и нејзиниот брат Џејмс.

Маршелин со Анџелина и ЏејмсМаршелин со Анџелина и Џејмс Маршелин со Анџелина и Џејмс

Мари објавила и писмо од 1977 година. Во писмото Маршелин ги опишува своите деца: „Енџи има две и пол години и е многу убава и забавна и многу, многу лукава. Џејмс има четири и пол години. Тој е извор на љубов во најчиста форма за мене. Џејмс ќе започне да оди на часови за пијано во јануари, а Енџи ќе биде актерка. Вчера ми кажаа што ќе ми подарат за Божиќ. Џејми гради кревет кој е санка за да можам да спијам на снегот кога ќе одиме на планина, а Енџи ќе ми подари цвеќе кое никогаш не умира. Тие се прекрасни. Секоја ноќ му благодарам на Бог што ми дозволи да го споделам животот со овие убави човечки суштества.“

Маршелин почина од рак на јајниците на 56-годишна возраст. Истата болест била причина и за смртта на нејзината мајка, бабата на Џоли. Неодамна Џоли направи двојна мастектомија за да го намали ризикот од рак на градите, бидејќи го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот од развој на рак на гради и рак на јајниците.

Малата ЏолиМалата Џоли Маршелин со ЏејмсМаршелин со Џејмс Маршелин Бертран

„Нема долговечност од страната на мајка ми во семејството. И мојата баба почина млада, па мајка ми секогаш помислуваше дека истото може да ѝ се случи и неа. Но, таа живееше за да ги види своите внучиња, живееше да нè види мене и брат ми на убаво место. На тој начин таа беше вистинска мајка. Чекаше сите да бидеме ОК. Потоа ги затвори очите“ – изјави Џоли за Esquire.

Џоли со мајка си во 2001 годинаЏоли со мајка си во 2001 година

„Нема зборови кои можат да опишат колку неверојатна жена и мајка беше таа. Таа беше нашиот најдобар пријател“ – рекла Џоли за People по смртта на Маршелин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.