Нина Бадриќ беше специјална гостинка на музичкиот фестивал Дора, на кој се избира хрватскиот претставник за Евровизија.
Во рамките на ревијалниот дел од првото полуфинале, 52-годишната пејачка настапи на сцената со неколку свои хитови и изгледаше сензационално.
Бадриќ испеа компилација од песните „Rekao si“, „Ja sam vlak“, „Takvi kao ti“,„Moji ljudi“, „Dani i godine“, како и „Čarobno jutro“ со која се натпреваруваше на „Дора“ во 2003 година.
Хрватската музичка ѕвезда носеше атрактивна креација од брендот Zigman, а за нејзиниот комплетен стајлинг се погрижила Катија Шимундиќ.






