Почетна » Новости » Животни стории » Најсилната љубов: Син двапати му го спаси животот на татко си, донирајќи му коскена срж и бубрег

Најсилната љубов: Син двапати му го спаси животот на татко си, донирајќи му коскена срж и бубрег

Ретко кој од нас добил шанса да го спаси животот на својот родител.

Џошуа Ендрју доби таква шанса двапати и ја искористи. 23-годишното момче од Англија првпат му го спаси животот на татко си Дејвид пред 10 години, кога му донираше коскена срцевина, а овој месец му донираше бубрег.

Џошуа и Дејвид Ендрју

Џошуа имал само 13 години кога на Дејвид му бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом, болест која го истоштила физички и емоционално. На семејството му кажале дека тој има потреба од трансплантација на коскена срцевина. Тестирањата покажале дека Џошуа е соодветен донор и тој без колебање се подложил на процедурата.

Џошуа му дал на татко си шанса да продолжи да живее и да го гледа како прераснува во прекрасен маж кој си ги следи и остварува своите соништа.

Џошуа и Дејвид Ендрју Џошуа и Дејвид Ендрју

За жал, на почетокот од оваа година, Џошуа ја добил веста дека бубрегот на татко му започнал да откажува како последица на хемотерапиите. Уште еднаш, на Дејвид му требало чудо, а одговорот бил Џошуа. Бидејќи тие двајцата имале соодветни имуни системи, синот бил совршен донор на бубрег за таткото.

„Основното нешто што знаев дека го сакам беше да му помогнам на татко ми“ – рекол Џошуа, кој сака да ја сподели својата приказна за да им помогне на други луѓе кои што се во слична ситуација.

„Ако моето закрепнување помине добро, навистина би сакал да им возвратам на другите преку добротворна работа и да зборувам со луѓето за мојата приказна. Се обидов да останам позитивен низ сето ова и се надевам дека ќе можам да им помогнам на други лица низ слични ситуации“ – додал тој.

Џошуа и Дејвид Ендрју Џошуа и Дејвид Ендрју Џошуа и Дејвид Ендрју

Алисон Ричардсон, која им помага на двајцата да закрепнат, за делото на Џошуа рекла:

„Тој е пресреќен што можеше да го направи ова за татко си и беше задоволство да се грижам за него. Тој има само 23 години, а му го спаси животот на татко му, не еднаш, туку двапати“.

Џошуа и Дејвид Ендрју

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23309 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.