Бјанка Балти ужива во секој момент од животот. Славната манекенка, која неодамна заврши со примањето хемотерапија поради рак на јајниците, сега присуствуваше на ревијата на Fendi во Милано.
На модниот настан во рамките на Миланската недела на модата, 40-годишната Италијанка позираше со широка насмевка и беше среќна што разговараше со свои стари пријатели.
За оваа пригода, Балти избра проѕирен фустан и не ја сокри ќелавата глава. Таа ја изгуби својата коса поради тешките хемотерапии.






Бјанка ја доби страшната дијагноза во септември минатата година. Претходно, во 2021 година, таа откри дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот за развој на рак на дојки и јајници. Тогаш, таа направи превентивна операција за отстранување на градите.
Успешната Италијанка неодамна заврши со хемотерапиите и вели дека сè во нејзиниот живот сега има вкус на вистински благослов.










