Најпрепознатливата насмевка во Холивуд го разубавува мајското издание на магазинот „WSJ“. Славната Оскаровка Џулија Робертс беше фотографирана од Џош Олинс.
Фотосесијата, која се фокусира на лицето на 46-годишната актерка, ја истакна нејзината природна убавина.
Во интервјуто за списанието, направено 20 дена по смртта на нејзината полусестра Ненси која почина поради предозирање, Џулија признава дека целото семејство било скршено од болка. „Ми се кине срцето. Поминаа само 20 дена. Нема зборови кои можат да опишат низ што помина секој од нас во овие 20 дена. Не сакаш ништо лошо да му се случи на кој било, но има многу трагични, болни и необјасниви нешта низ светот“ – рекла таа.
Робертс споделила и дека не се смета себеси за селебрити личност. „Не се сметам себеси за селебрити, барем не на начинот на кој се гледа на тоа во културата денес“ – појаснила таа.