На премиерата на неговиот најнов филм, Џорџ Клуни беше придружуван од сопругата Амал и нејзината мајка Барија Аламудин.
56-годишниот актер и режисер гордо позираше со двете дами на црвениот тепих во Лос Анџелес, по повод премиерното прикажување на „Suburbicon“.
Клуни, кој е режисер на филмот, позираше и со Џулиен Мур и Мет Дејмон, кои ги имаат главните улоги.