Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шенон Доерти, која се бори со рак на дојка, насмеана на хуманитарен настан

ФОТО: Шенон Доерти, која се бори со рак на дојка, насмеана на хуманитарен настан

Шенон Доерти, која во моментов прима хемотерапија поради рак на дојка, присуствуваше на хуманитарен настан за борба против ракот.

45-годишната ѕвезда од хит серијата „Беверли Хилс 90210“ изгледаше среќно додека позираше покрај сопругот Курт Исвариенко, кој непрекинато ја поддржува во тешката битка со болеста. Парот со задоволство се вклучи во настанот „Stand Up 2 Cancer“ во Лос Анџелес.

Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти

Шенон призна дека ракот на чуден начин ѝ помогнал да се пронајде себеси. „Ракот на чуден начин направи неверојатни нешта за мене. Тој ми овозможи да бидам она што сум, да се запознам подобро себеси, да бидам поранлива и да бидам личноста која што бев отсекогаш, но која се криеше зад многу други нешта“ – рече таа.

Пред неколку дена, онкологот кој ја лекува Доерти изјави дека таа одлично реагира на хемотерапијата и дека од лекувањето ѝ преостануваат уште неколку недели.

Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти

Во добротворната акција за собирање средства за истражувања поврзани со рак учествуваа и други славни личности како Бредли Купер, Том Хенкс, Ема Стоун и Селин Дион.

Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти

Еден ден по хуманитарниот настан, Доерти беше фотографирана со широка насмевка на прошетка со сопругот со кого е во брак пет години.

Шенон Доерти Шенон Доерти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.