Шенон Доерти ќе биде дел од продолжението на популарната серија „Беверли Хилс, 90210“.
48-годишната актерка, која ја имаше улогата на Бренда Волш, потврди дека им се приклучува на Кели (Џени Гарт), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Присли), Стив (Иан Зеринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриел Картерис) за новите епизоди.
Доерти имаше направено пауза во кариерата додека се бореше со рак на дојка.
Картерис сподели фотографија од првото читање на сценариото заедно со славните колеги.
Од главната екипа недостасува Дилан (Лук Пери), кој ненадејно почина пред два месеца.