„Оригиналните“ ѕвезди од хит-серијата „Беверли Хилс, 90210“ се обединија на сцената во Тампа, Флорида.
33 години по почетокот на снимањето на серијата, Шенон Доерти (Бренда Волш), Тори Спелинг (Дона Мартин), Џејсон Присли (Брендон Волш), Џени Гарт (Кели Тејлор), Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер), Иан Зиринг (Стив Сандерс) и Габриел Картерис (Андреа) се собраа на панелот за да дискутираат за тинејџерската серија и да одговорат прашања од фановите.
При крајот на настанот, Шенон, која се бори со рак на дојка во четврт стадиум, доби громогласен аплауз и беше надвладеана од емоците.
„Многу ви благодарам. Имам борба за мојот живот со која се соочувам секој ден. Мислам дека сум добро“ – рече таа.
Изминатиот јуни, Доерти сподели дека ракот метастазирал и во нејзиниот мозок. Таа сподели видео на кое прима радиотерапија и напиша: „Вака изгледа ракот“.
Шенон во 2017 година сподели дека ја победи ужасната болест, но за жал, ракот повторно се врати.
Серијата „Беверли Хилс, 90210“ се снимаше од 1990 до 2000 година.