Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Два месеци откако го победи ракот, Шенон Доерти сподели фотографии од пораснатата кадрава коса

Два месеци откако го победи ракот, Шенон Доерти сподели фотографии од пораснатата кадрава коса

Шенон Доерти постојано ја документираше својата битка со ракот на дојка со фотографии кои ги споделуваше на социјалните мрежи.

Два месеци откако ја победи ужасната болест, познатата ѕвезда од серијата „Беверли Хилс, 90210“ ја покажа својата порасната кадрава коса на Instagram. 46-годишната актерка изгледа здраво и среќно на фотографиите на кои позира покрај својот сакан сопруг Курт Исвариенко и со куче кое го запознала за време на својот престој во Мексико.

Шенон Доерти Шенон Доерти

Во една од објавите таа му го честита роденденот на Курт, кој постојано ја бодреше за време на најтешката битка во нејзиниот живот. „Среќен роденден на мојата сродна душа, партнер во злосторство, естетски близнак и личност која ме смее секој ден... речиси секој ден. Од моментот кога те сретнав, те познавав. Животот доби смисла. Ти се восхитувам. Те почитувам и те сакам. Среќен роденден љубов моја“ – напиша Доерти на популарната социјална мрежа.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Шенон за првпат проговори за својот здравствен проблем во август 2015 година, откако беше објавено дека таа го тужи својот поранешен менаџер затоа што го изгубила здравственото осигурување и во тој период не добивала соодветна медицинска нега. Докторите ја информирале дека ракот се проширил во 2014 година, кога таа немала здравствено осигурување.

Таа објави дека е во ремисија во април годинава.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20836 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.