По повод премиерното прикажување на продолжението на хит-серијата „Беверли Хилс, 90210“, Тори Спелинг, Шенон Доерти, Џени Гарт, Брајан Остин Грин и Иан Зиринг присуствуваа на забавата на Fox.
На сивиот тепих во Лос Анџелес, ѕвездите од серијата позираа пред насобраните фоторепортери.
48-годишната Шенон, која ја имаше улогата на Бренда, беше облечена во црн стајлинг со панталони. Таа позираше и со 46-годишниот Брајан, кој во серијата го толкуваше ликот на Дејвид.
47-годишната Џени, која влезе во улогата на Кели, и 46-годишната Тори, која ја има улогата на Дона, зачекорија заедно на забавата.
55-годишниот Зиринг беше придружуван од сопругата и двете ќерки.