Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шармантната Мила Кунис за „Marie Claire“

ФОТО: Шармантната Мила Кунис за „Marie Claire“

Мила Кунис е ѕвездата од јулското издание на „Marie Claire“. Шармантната актерка, која е бремена со своето прво дете од Ештон Кучер, позираше во елегантни дизајнерски креации.

Мила Кунис

Во интервјуто за списанието, Кунис зборувала за љубовта кон Ештон, породувањето и годината во која за сѐ велела „да“.

За Ештон и претворањето на нивното пријателство во љубов: „Еден ден сѐ се промени. Одеднаш ништо веќе не беше исто. И многу бев горда што го сфатив тоа. Најдобриот ден во мојот живот беше денот кога ми предложи брак. Плачев. Бев хаос. Без намера да дискредитирам која било од моите минати врски, оваа врска е поразлична.“

Мила Кунис

За породувањето: „На две лица им е дозволено да дојдат во породилната сала. На мојот доктор и на мојот избраник. А тој треба да стои настрана од случувањата. Тој ќе биде поставен глава со глава, а не глава со вагина. Освен ако не сака да го ризикува својот живот и да види што се случува. Но, јас не би го направила тоа да сум на негово место. Се сомневам дека сака да види како изгледа да си раскинат и на парчиња. Затоа што ќе има раскинување. Само не се знае колку лошо ќе биде.“

Мила Кунис

За годината во која велела само „да“: „Бев многу добра во кажувањето „не“. Потоа решив дека ќе велам „да“ за секоја можност која ќе дојде до мене, независно од тоа колку е луда. Тоа ми го промени животот.“

За тоа што да не очекуваме од неа: „Никогаш нема да имам своја модна колекција. Ви ветувам, тоа никогаш нема да се случи.“

Мила Кунис Мила КунисМила на премиерата на „Third person“ на 9 јуни Мила Кунис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.