Мила Кунис е прогласена за Најсекси жена за 2012 од машкото списание „Esquire“. 29-годишната филмска ѕвезда ја наследи Ријана којашто ја доби посакуваната титула минатата година.
За да докажат дека направиле правилен избор, уредниците на списанието направија жешка фотосесија и интервју со Мила. На насловната страница, холивудската убавица позира топлес, додека на останатите фотографии може да ја видиме во сексапилна долна облека и покриена само со чаршаф.
За смислата за хумор: „Мислам дека наидов на некои смешни улоги, но не сум хумористична. Само знам како да кажам шега. Има луѓе кои природно имаат смисла за хумор и постојано кажуваат смешни нешта и има луѓе кои знаат како да кажат шега. Тоа е научена способност.“
За папараците: „Дали е тешко да одам да пазарувам намирници? Не можам да излезам без да бидам фотографирана. Во ред сум само ако излезам пред 6 наутро. Ако излезам рано, пред да стигнат тие, тогаш сум ОК... Тие не сакаат ништо друго освен да направиш сообраќајна несреќа за да имаат фотографија.“
Погледнете видео од снимањето на фотосесијата: