Големиот плејбој Хју Хефнер не тагуваше долго по неговата бивша свршеница Кристал Харис, која го остави само неколку дена пред свадбата.
Веднаш по разделбата тој го доби вниманието на многу зајачици и медиумите го поврзуваа со неколку русокоси. Но, сè до вчера Хефнер мудро молчеше во однос на својот нов избор на девојка.
„Шера Бешард е и нашата зајачица за ноември и мојата нова девојка“ – напиша вчера на Twitter 85-годишниот сопственик на „Плејбој“.
Со тоа Хју ја потврди врската со 27-годишната русокоса што ќе го теши по скандалозната разделба со Кристал.