Бред Пит влезе во шестата деценија од животот, но и покрај тоа успева да ги привлече женските погледи како и на почетокот на својата холивудска кариера.
50-годишниот шармер позираше за списанието „Details“. Фотосесијата ја покажува љубовта на Пит кон природата и чувството на слобода кое го носи возењето на мотор, но истовремено асоцира на неговата нова улога во филмот „Fury“.
„Секогаш се чувствувам покомфорно кога сум надвор. Израснав во Озарк. Шумите, реките, стрмнините, езерата и пештерите оставија силен отпечаток на мене. На надлактицата имам тетоважа ’94,9m – висината на најголемата секвоја“ – рекол Пит.
Во интервјуто за машкото списание, Пит изјавил дека обожава да вози мотори, дека за првпат возел на 7-годишна возраст и дека се обидува да издвои време за возење мотор во секоја земја која ќе ја посети.
Деновиве Пит активно го промовира својот филмот „Fury“. Погледнете трејлер: