Лупита Нионго е ѕвездата од јулското издание на „Вог“. Харизматичната актерка привлекува со грациозност од егзотичните фотографии на Микаел Јансон.
За фотосесијата направена во Маракеш, Мароко, Нионго позираше во креации на модни куќи како Вера Ванг, Проенза Скулер, Родарте, Живанши, Џонатан Сандерс и Александар Ванг.
Во интервјуто за списанието, 31-годишната нова холивудска ѕвезда зборувала за успешната година и првите чекори во светот на славните.
За црвениот тепих за време на доделувањето на награди: „Ништо не може да те подготви за сезоната на доделување награди. Црвениот тепих е како воена зона, само што не можеш да леташ или да војуваш. Можеш само да стоиш и да поднесуваш.“
За првото следење од папараците на аеродром: „Накратко се погледнав наназад за да видам кого фотографираат, а тие беа насочени кон мене. Тоа беше, мислам, почетокот на крајот на мојата анонимност.“
За првото гледање на филмот „12 Years a Slave“: „Плачев еден час по завршувањето на филмот.“
Лупита годинава се закити со својот прв Оскар, и тоа за најдобра актерка во споредна улога, беше прогласена и за Најубава личност за 2014 од страна на „People“, стана заштитно лице на Lancôme и доби улога во идниот хит „Star Wars: Episode VII“.