Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лупита Нионго во колоритни модни комбинации за „Lucky“

ФОТО: Лупита Нионго во колоритни модни комбинации за „Lucky“

Лупита Нионго со блескава насмевка го краси мартовското издание на списанието „Lucky“.

Зад ведрите фотографии стои реномираниот фотограф Патрик Демаршелие.

Лупита Нионго Лупита Нионго

Во интервјуто за списанието, оскаровката изјавила дека Нина Симон, Грејс Џонс и Елизабет Тејлор се жените кои ја инспирираат и ги опишува како „женствени, величествени и страсни“. „Најнезаборавните личности не се паметат по нивниот изглед. Тие се паметат по нивниот дух, а нивниот дух влијае на нивниот изглед. Таков е случајот и со Мерилин Монро, кај која постоеја невиност и ранливост кои придонесуваа да се истакне нејзината убавина“ – додала Нионго.

Лупита Нионго Лупита Нионго

Лупита открила и дека нејзината мајка не ѝ дозволувала да се шминка речиси до 18-тата година. „Искрено, ми беше многу тешко да го прифатам ставот на мајка ми кога бев тинејџерка и сакав да експериментирам. Но, сега го ценам тоа, затоа што денес можам да се погледнам во огледало без шминка на себе и да се сакам себеси“ – рекла холивудската актерка.

За корицата на списанието, 31-годишната филмска ѕвезда позираше во креација од колекцијата пролет/лето 2015 на Balmain.

Лупита Нионго

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.