Тори Спелинг и Дин Мекдермот го претставија пред светот најмалиот член на нивното семејство.
Славните актери снимија семејна фотосесија за People заедно со своите пет деца.

43-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Дона во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, на 2 март го донесе на свет синчето Бо Дин Мекдермот.

„Заборавав колку многу сакам да сум бремена. Го сакам поврзувањето. Никогаш не си сама“ – изјавила Тори.

Спелинг и 50-годишниот Мекдермот заедно имаат уште два сина и две ќерки – 10-годишниот Лијам, 8-годишната Стела, 5-годишната Хети и 4-годишниот Фин. Дин има и 18-годишен син од својот претходен брак.

Кога ја откри веста за својата бременост, Спелинг призна дека бебето било големо изненадување за нив. „Беше огромно изненадување. Но, ние отсекогаш посакувавме големо семејство. Многу сум возбудена“ – рекла Спелинг.
„Ова бебе дојде во најдоброто време. Ништо не е совршено, но јас сум лудо вљубена во мојот сопруг и во нашите деца. Идејата да го прошириме семејството е вистински благослов“ – додала таа.