Ќерките на Тори Спелинг, седумгодишната Стела и четиригодишната Хети, ги направија првите чекори во модниот свет. Двете сестри се мини-модели во новата кампања на луксузниот бренд за детски модни додатоци Modern Queen Kids.
На фотографиите, Стела и Хети позираат во облека од Tutu du Monde, модни додатоци од Modern Queen Kids и многу шминка, која вклучува светкава сенка за очи.
Фотографиите од кампањата разгорија жестоки дебати на интернет и многумина прашаа дали девојчињата не се премлади за да носат шминка. Кон Спелинг беа упатени и обвинувања дека ѝ ја бланшира косата на Стела.
Стела и Хети се две од четирите деца на Тори, која кај нас е позната по ликот на Дона од хит-серијата „Беверли Хилс“. Спелинг и нејзиниот сопруг Дин Мекдермот се родители и на 8-годишниот Лијам и 3-годишниот Флин.