Тори Спелинг и Дин Мекдермот му посакаа добредојде на овој свет на петтото заедничко дете.
43-годишната актерка, која се прослави со улогата на Дона во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, на Twitter ја сподели веста за раѓањето на третиот син со фотографија од рачето на малото бебенце.
„Со возбуда објавуваме дека се роди најновиот член на семејството Мекдермот“ – напиша таа додавајќи дека момчето го добило името Бо Дин Мекдермот.
„Премногу сме заљубени во бебето Бо. Тој е вистински благослов и неговите браќа и сестри се пресреќни што го запознаа! Многу сме благодарни за нашето големо, убаво и здраво семејство“ – изјави Тори за списанието People, во кое со семејна фотосесија за првпат објави дека е бремена.
Во текот на бременоста, Спелинг редовно споделуваше фотографии од трудничкото стомаче на Instagram.
Спелинг и 50-годишниот Мекдермот заедно имаат уште два сина и две ќерки – 9-годишниот Лијам, 8-годишната Стела, 5-годишната Хети и 4-годишниот Фин. Дин има и 18-годишен син од својот претходен брак.