Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја обви Македонија во црно и уништи многу соништа и надежи.
Тоше Богданов од Кочани излегол со пријатели да прослави за раѓањето на неговиот син, но за жал, никогаш не се вратил дома. Младиот татко го изгубил животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во која згаснаа уште 58 други животи.
Неговата сопруга Деспина преку социјалните мрежи со трогателна порака се збогуваше со него, ветувајќи дека ќе биде храбра и ќе се бори за нивното мало ангелче.
Таа сподели заедничка фотографија и напиша:
Кога се изборивме со сè, кога го добивме тоа што го сакаме.
Нашата љубов доби плод кој ќе нè веселеше цел живот на кој ќе се смеевме и радувавме, што се случи зошто овој живот е толку суров и безмилосен зошто ги зема луѓето кои треба да живеат на кои животот е пред нив.
Јас ќе бидам храбра мама и ќе се борам да нашето мало ангелче израсне во човек како што беше ти добар храбар и јак човек. Кога ќе порасне и ме праша мамо каде е мојот татко јас ќе му речам да погледне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети, а тоа ќе бидеш ти.
А јас ќе бидам таа што секогаш ќе те сакам и никогаш нема да те заборавам.
Вечна ти слава беше незаменлив човек.

ФОТО: Facebook