Почетна » Новости » Актуелно » „Побара инфузија за да може да се врати да помогне“: Изјава на сопругата на херојот од Брза помош кој почина работејќи 40 часа

„Побара инфузија за да може да се врати да помогне“: Изјава на сопругата на херојот од Брза помош кој почина работејќи 40 часа

Илчо Гоцевски помагаше до последен здив. Возачот од Брза помош, кој сосем заслужено е нарекуван херој, починал во сон откако 40 часа работел за да пренесува повредени лица од пожарот во Кочани.

Кобната ноќ тој 11 пати возел до Скопје и назад за да ги одведе повредените деца до болниците.

Неговата сопруга Анета за српски Телеграф изјавила дека тој побарал да му биде ставена инфузија за да може повторно да има сили да се врати да помага. Но... никогаш не се разбудил.

„Многу ми е тешко. Работеше 40 часа. Дојде со колега и рече дека е уморен. Побара од колегата да му даде инфузија за да му помогне да се опорави, бидејќи мораше да се врати во болница за да помага. Ми рече дека е уморен и легна да спие. Ме зачуди што не стана четири-пет часа. Нешто само ме прободе и извикав: ‘Иле, Иле’. Не одговараше“изјавила растревожената сопруга.

Илчо Гоцевски

Во продолжение пренесуваме и емотивна објава во чест на Илчо. Нека почива во мир.

Почивај во мир, ХЕРОЈУ!

Со солзи во очите и тежина во срцата денес се простивме од Илчо Гоцевски – човек со големо срце, човек-планина, кој во најмрачните моменти беше светлина за оние што страдаа.

11 пати патуваше до Скопје на кобниот ден, носејќи надеж, спас и утеха. Тој не беше само сведок на трагедијата – беше човекот што ги држеше рацете на повредените, што помогна да се најдат и препознаат оние кои повеќе не можеа да зборуваат... Тој не штедеше ништо, дури ни себеси.

По 32 часа несебична борба за другите, уморот го победи... и никогаш не се разбуди. Но, делото што го остави зад себе ќе живее засекогаш!

Нека оваа објава биде знак на вечна благодарност за неговата жртва. Вистинските херои не умираат – тие живеат во срцата на оние што ги спасиле.

Нека му е светол патот кон вечноста, а семејството нека најде утеха во неговото големо, хумано срце.

Почивај во мир, Илчо!

Илчо Гоцевски Илчо Гоцевски Илчо Гоцевски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23939 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.