Почетна » Новости » Актуелно » „Почивајте во мир убавици“: Александар се збогува со своите две пријателки кои починаа во пожарот во Кочани

„Почивајте во мир убавици“: Александар се збогува со своите две пријателки кои починаа во пожарот во Кочани

Очајни што не добиле можност да се збогуваат со своите сакани, кои починаа во пожарот во Кочани, многу интернет корисници ја искажаа својата тага и го кажаа последното „Збогум“ преку социјалните мрежи.

Александар Миовски се збогуваше со своите две пријателки Стефи и Ивона од кои сподели фотографии и напиша:

„Млади луди убави полни со амбиција и страст за живот. Стефи пресреќна дека ќе лекува пациенти еден ден. Ивона со радост го чекаше денот кога ќе работи и лудува на свој начин во Хрватска покрај убав аперол и глетка од морето! Ме испративте последниот ден за Германија и ми кажавте да се гушнеме затоа што не се знае кога пак ќе се видеме со овие зборови, и баш така се случи. Почивајте во мир убавици незаборавни“.

Александар Миовски

Тој сподели и видео од Ивона со зборовите:

„Сега си некаде на убаво место уз твоето аперолче и поглед кон Корчула кој до последен момент ти ги раскажував убавините од неа. Неделава требаше да бидеш таму. Уживај и прости ни што замина толку млада. Ивонче“.

Александар Миовски

Ивона и Стефи се дел од 59-те жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи во раните утрински часови на 16 март.

Александар Миовски Александар Миовски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23914 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.