Тори Спелинг објави дека го очекува петтото дете со сопругот Дин Мекдермот. Бебето било изненадување за парот.
43-годишната актерка, која кај нас се прослави по улогата на Дона во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, го покажа трудничкото стомаче во семејна фотосесија за People. На една од фотографиите, Тори позира сама во жолт фустан, додека на другата, таа е меѓу сопругот и децата.
„Беше огромно изненадување. Но, ние отсекогаш посакувавме големо семејство. Многу сум возбудена“ – рекла Спелинг. „Ова бебе дојде во најдоброто време. Ништо не е совршено, но јас сум лудо вљубена во мојот сопруг и во нашите деца. Идејата да го прошириме семејството е вистински благослов“ – додала таа.
Тори и Дин се во брак 10 години и се родители и на 9-годишниот Лијам, 8-годишната Стела, 5-годишната Хети и 4-годишниот Фин. Дин има и 18-годишен син од претходен брак.