Тори Спелинг со гордост го покажа својот најмал син Фин во списанието Us Weekly. Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ откри и дека за малку ќе го изгубела животот за време на четвртата бременост.
На 39-годишната актерка, која веќе има три деца, во 20-тата недела од бременоста ѝ била дијагностицирана placenta previa, сериозна здравствена состојба која предизвикува плацентата да го покрива цервиксот, што може да резултира со внатрешно крварење. Докторите дури и сметале дека пости ризик од сериозно крварење кое би ги принудило да ја прекинат бременоста.
Тори поминала 10 недели в болница, а 4 месеци лежела дома за да се одмора. Во текот на тој период таа се плашела дека може да умре и да го остави своето семејство. „Само се сеќавам дека си помислував дека не можам да ги оставам трите деца“ – изјавила таа.
Најверојатно Тори се најде во ваква страшна ситуација затоа што не почека да помине доволно време по третата бременост за да може телото да закрепне. Таа забремени само еден месец по раѓањето на ќерката Хети, која ја роди со царски рез, исто како и претходните две деца.
За време на бременоста Тори имала девет крварења, но успеала безбедно да го роди Фин на 30 август. Само три недели подоцна, таа повторно морала да легне во операциона сала, бидејќи ѝ се отворила раната од царскиот рез.
„Кога го ставија во моите раце, си велев: Успеавме. Имаме неверојатна врска. Бевме заедно до пеколот и назад“ – рекла таа.
Тори е во брак со Дин Мекдермот, со кого има четири деца – Лијам (5 години), Стела (4 години), Хети (1 година) и малиот Фин.