Тејлор Свифт со гламурозна фотосесија застана во центарот на септемвриското издание на „Vanity Fair“.
Популарната пејачка позираше пред реномираниот фотограф Марио Тестино. „Најчесто ме облекуваат како 12-годишно момче. Убаво е да си гламурозна“ – рекла Свифт, коментирајќи го стајлингот.




Во интервјуто за списанието, 25-годишната ѕвезда зборувала за тоа дека сака да го искористи својот селебрити статус за да усреќува луѓе. „Земете ја за пример Опра, таа усреќи многу луѓе во текот на годините. Таа направи многу пари, но исто така и даде многу... Истото е и со Анџелина Џоли. Таа е многу продуктивна и ја искористи својата позиција за да им ги подобрува животите на луѓето“ – изјавила Тејлор и дополнила дека би сакала да чекори по нивните стапки.



