Почина Памела Бах. Според информациите на странските медиуми, поранешната сопруга на актерот Дејвид Хаселхоф извршила самоубиство.
Славната актерка била пронајдена мртва во домот во Холивуд Хилс со прострелна рана која се верува дека самата си ја нанела.

Бах беше во брак со актерот од „Чувари на плажата“ од 1989 до 2006 година. Тие заедно имаат две ќерки, 32-годишната Хејли и 34-годишната Тејлор.
По одекнувањето на веста за смртта на Бах, Дејвид се огласи со порака. „Благодарни сме за големата љубов и поддршка во овој тежок период, но љубезно ве замолуваме за приватност додека тагуваме и се движиме низ овие предизвикувачки моменти“ – напиша тој.


Ќерката Хејли не се огласи со порака, но сподели стара фотографија од Памела и Дејвид врз која постави бело срце.

Памела беше позната по улогите во „Baywatch“, „Sirens“, „The Young and the Restless“, „The Fall Guy“, „T.J. Hooker“ и „Knight Rider“.





