Анџелина Џоли ги израдува своите фанови со своето појавување на премиерата на „Kung Fu Panda 3“, но и поттикна многу коментари за слабата фигура.
40-годишната актерка позираше на црвениот тепих во краток црн фустан од Сен Лоран кој ги истакна нејзините слаби нозе.
На настанот во Холивуд таа беше придружувана од 12-годишниот Пакс, 11-годишната Захара, 9-годишната Шајло и 7-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Пакс се движеше со помош на патерици поради повреда за време на одморот во Тајланд претходниот месец.
Џоли го позајми својот глас за еден од ликовите во трите дела од анимираниот филм.
Покрај Џоли, на премиерата со своите деца се појавија и Кејт Хадсон и Џек Блек. Кејт, Џек и нивните мини-верзии заедно позираа на црвениот тепих и го привлекоа вниманието на фоторепортерите.