Сара Џесика Паркер наскоро ќе влезе во шестата деценија од животот, но нејзиниот изглед не ја издава нејзината возраст.
49-годишната актерка за време на изминатиот викенд била фотографирана на плажа во Монток.
Филмската ѕвезда, која се прослави со улогата во серијата „Sex and the City“, се забавувала со сопругот Метју Бродерик и петгодишната ќерка Марион.
Краткиот одмор на Паркер бил по повод свадбата на блиска пријателка. На специјалната прослава Сара Џесика била една од деверушите.