Ријана го лансираше својот прв машки парфем „Rogue“. На промотивниот настан во Атланта, Џорџија, музичката ѕвезда шармираше со ноншалантна елеганција.
Пред фоторепортерите Ријана љубезно се смешкаше и позираше облечена во креација на Адам Селман. Кратката маичка беше декорирана со бели бисери кои го привлекуваа погледот кон нејзиниот тониран стомак. Ријана внесе безгрижност во својот изглед со наметка која наликуваше на луксузна свилена пижама. Црната креација таа ја надополни со минималистички сандали од Маноло Бланик.
„Ги сакам парфемите затоа што ги привлекуваат луѓето и создаваат спомени“ – рекла Ријана и дополнила дека ја тестирала новата арома на сите свои машки пријатели.
Стотици фанови имаа можност лично да поразговараат и да се фотографираат со Ријана, при што најмногу се израдуваа најмладите.
Во моментов 26-годишната пејачка е максимално посветена на снимањето на својот осми албум.