Ријана стави крај на неколкумесечната „медиумска хибернација“ и се врати под светлото на рефлекторите со моден едиторијал за „Elle“.
Атрактивната пејачка од Барбадос позираше во креации од Версаче, Џорџо Армани, Диор, Џамбатиста Вали, Александар Воте, Улјана Сергенко и Валентино пред објективот на Паола Кудаки.
Во продолжение е дел од интервјуто на Ријана за модното списание.
Elle: Што луѓето не знаат за тебе?
Ријана: „Јас сум срамежлива“.
Elle: Што е најсекси нешто што го имаш слушнато од маж?
Ријана: „Секој маж што ми кажува што да правам е секси!“
Elle: Твојот најголем страв?
Ријана: Породување!
Elle: Ако не беше пејачка, што ќе беше?
Ријана: Сопруга.
Elle: Кога последен пат си имала трема заради друга славна личност?
Ријана: „Кога го сретнав Арон Пол на доделувањето на наградите Spike.“
Elle: Која е најдобриот лек за мамурлак?
Ријана: „Мраз и кинеска храна!“
Elle: Дали си добар готвач?
Ријана: „Јас сум забавен готвач! Специјалност ми е морската храна, но исто така ги правам најдобрите макарони со сирење кои некогаш ќе ги пробате.“
Elle: Ако мора постојано да слушаш само три албуми, кои би биле тие?
Ријана: „Only By The Night“ на Kings of Leon, „’Til Shiloh“ на Буџу Бантон и Најголемите хитови на Мајкл Болтон (1985–1995).