Модниот маратон на Ријана никогаш не завршува, а папараците и нејзините фанови секогаш се подготвени со своите фотоапарати за да го овековечат секој чекор на славната пејачка.
За време на паузата од турнејата со Еминем, Ријана деновиве се забавува во Њујорк. 26-годишната музичка ѕвезда била фотографирана додека се упатувала во ресторан по повод роденденска забава на своја пријателка.
За вечерното излегување, Ријана избрала едноставен фустан во циклама боја од Helmut Lang, надополнет со впечатливи бели обувки со врзување од Кристијан Лобутин.
Во „Големото јаболко“ Ријана била фотографирана и во лежерна комбинација додека го напуштала својот омилен ресторан „Da Silvano“.
Престојот во Њујорк Ријана го искористила и за бизнис средба во компанијата со која соработува за своите парфеми.
Ријана и Еминем моментално се на заедничка музичка турнеја. По Њујорк, следната нивна станица е Детроит.