Ријана се трансформираше во мистични суштества за моден едиторијал за „Tush“. Германското списание ја покани музичката ѕвезда за фотосесија во пустина во Невада, а стајлингот е повеќе од невообичаен.
Со бела перика и силна шминка, 26-годишната пејачка е тешко препознатлива. Креации на Роберто Кавали и Келвин Клајн помагаат за доловување на загадочен изглед.
Фотографското дуо Gomillion & Leupold е одговорно за визуелната реализација на замислата на стилистката Надја Рат и креативната директорка Сиара Прадо.