Ева Мендез, Рајан Гослинг и Бредли Купер присуствуваа на њујоршката премиера на нивниот филм „The Place Beyond the Pines“.
Убавата актерка блескаше во портокалов фустан на Прада помеѓу двајца од најпосакуваните момци во Холивуд.
Иако Ева е во врска со Рајан, и двајцата прават сè што е во нивна моќ за да ја зачуваат врската во тајност. „Знаеја дека сите погледи се насочени кон нив и сакаа ноќта да биде за прославување на филмот, а не на нивната љубов“ – изјавил нивни близок.
Рајан Гослинг, кој на цревниот тепих носеше костум од модната куќа Гучи, открил дека сите тетоважи кои ги носи во филмот се негов дизајн.