Не изминаа ни три месеци од раѓањето на нејзиното второ дете, а Пенелопе Круз е подготвена да се врати под светлата на рефлекторите.
Елегантната актерка одушеви во Лондон, истакнувајќи ги своите женствени облини во фустан на Темперли Лондон. Вечерниот фустан со долги ракави е изработен од тегет основа, прекриена со златна француска чипка.
39-годишната филмска ѕвезда зачекори на синиот тепих во Лондон по повод прикажувањето на својот најнов филм „The Counselor“, во кој глуми заедно со сопругот Хавиер Бардем.
„The Counselor“ е филм на Ридли Скот во кој главните улоги ги имаат и Мајкл Фасбендер, Камерон Дијаз и Бред Пит.