Натали Портман речиси никогаш не прави драстични промени во изгледот, па кога викендов се појави со руса коса, привлече многу внимание.
Облечена во бел couture фустан на Диор, 31-годишната актерка присуствуваше на отворањето на L.A. Dance Project, зад кој стои нејзиниот сопруг, кореографот Бенџамин Мијипје.
„Мајка ми вели дека сум како друга личност. Ја променив пред неколку дена“ – изјавила Портман и објаснила дека промената е за нова филмска улога.
На свеченоста присуствуваа и Роберт Патинсон и Дита вон Тис.