Натали Портман е вистинска дама на фотографиите за „Harper’s Bazaar“. 34-годишната актерка позираше за Норман Џин Рој.
Меѓу врвните брендови кои ѝ позајмија свои креации на Портман се Живанши, Диор, Џорџо Армани, Прада, Гучи и Долче и Габана.


Во интервјуто за списанието, Натали, која живее во Париз со сопругот и малиот син, зборувала за животот во Европа.
На прашањето како е да се живее во француската метропола, таа одговорила: „Магично е“. Кога станува збор за францускиот јазик, таа рекла дека го владее до одреден степен. „Францускиот ми е ОК, но кога моите пријатели зборуваат за книги и филозофија, тоа е ниво на разговор за кое не сум лингвистички подготвена“ – признала таа.





