Ролин Страус е Мис на светот за 2014 година. 22-годишната студентка по медицина беше и фаворитка за освојување на титулата.

Минатогодишната победничка Меган Јанг ѝ ја предаде блескавата тијара на пресреќната Ролин.

Атрактивната победничка блескаше во нежно розов фустан од дизајнерот Каспер Босмен.








Едина Кулчар од Унгарија е избрана за прва придружничка, додека Елизабет Сафрит од САД е втора придружничка.
Меѓу петте финалистки беа и Мис Австралија и Мис Англија.









Вкупно 121 убавица од целиот свет се натпреваруваа во Лондон. Македонија немаше своја претставничка.