Синоќа беше прогласена новата Мис на светот. Мис Мексико ја освои посакуваната титула.
Ванеса Понс де Леон се истакна меѓу 118-те убавици од целиот свет. 26-годишната Мексиканка беше крунисана од минатогодишната победничка Мануши Чилар.
Во топ 5 влегоа Мис Тајланд, Мис Белорусија, Мис Јамајка и Мис Уганда.
Ванеса е волонтерка која има соработувано со 18 хуманитарни организации и се надева дека новата титула ќе ѝ помогне да ја прошири добротворната работа.
„Многу сум среќна... Се надевам дека можам да допрам колку што е можно повеќе срца, дека ќе можам да им помогнам на колку што е можно повеќе луѓе“ – изјави таа по церемонијата која се одржа во Саниа на кинескиот остров Хајнан.