Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мис Венецуела е Мис на светот 2011

Мис Венецуела е Мис на светот 2011

Крунисана е новата Мис на светот! Харизматичната претставничка на Венецуела, Ивиен Саркос, најмногу се истакна меѓу 122 убавици од цел свет и ја понесе посакуваната титула.

Венецуелката, која ги изгубила своите родители уште кога била мала, а сонувала да стане калуѓерка, беше прогласена за Мис на светот 2011.

Мис ВенецуелаМис Венецуела Мис Венецуела Мис Венецуела

22-годишната убавица, облечена во раскошна розова тоалета, со солзи во очите ја прими круната од минатогодишната победничка, Александрија Милс.

Александрија Милс ја круниса новата победничкаАлександрија Милс ја круниса новата победничка

„Победата ми значи сè... Прво и основно сакам да им помагам на луѓето на кои им е потребна помош. Сакам да им помагам на луѓе како мене. Јас сум сирак. Исто така би сакала да им помагам на постарите луѓе и на проблематичните тинејџери. На колку што е можно повеќе луѓе. За жал, јас ги загубив двата мои родители кога бев многу мала, поради што учев пет години во женски манастир. Таму поминав пет години и мојот сон беше да станам калуѓерка“ – изјавила среќната победничка.

Претставничката на Филипини, Гвендолин Руас, е прогласена за прва придружничка, а третопласирана е Мис Порторико, Аманда Перез.

Мис Филипини, Мис Венецуела и Мис ПорторикоМис Филипини, Мис Венецуела и Мис Порторико

Седумте финалистки беа претставничките на Кореја, Венецуела, Англија, Филипини, Јужна Африка, Порторико и Шкотска.

Седумте финалисткиСедумте финалистки Мис Кореја, Мис Англија и Мис ПорторикоМис Кореја, Мис Англија и Мис Порторико Мис Порторико, Мис Шкотска и Мис Јужна АфрикаМис Порторико, Мис Шкотска и Мис Јужна Африка Мис Јужна Африка, Мис Филипини и Мис ВенецуелаМис Јужна Африка, Мис Филипини и Мис Венецуела

Нашата претставничка, 19-годишната Весна Јакимоска, остана на 111-тото место.

Весна ЈакимоскаНашата претставничка Весна ЈакимоскаВесна Јакимоска

Спектакуларниот настан се одржа во Лондон, беше емитуван во 150 држави низ светот, а го следеа повеќе од една милијарда гледачи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.