Стефани дел Вал е убавицата која победи на Мис на светот 2016. 19-годишната претставничка на Порторико ја прими блескавата круна од минатогодишната победничка Миреја Лалагуна Ројо од Шпанија.



На 66. издание на натпреварот за убавина, кое се одржа во Мериленд, учествуваа претставнички од над 100 држави од светот.
Убавата Порториканка, која блесна во розова креација, е студентка и течно зборува шпански, англиски и француски. Таа изјавила дека ѝ е чест што ја претставува својата татковина.



Стефани ја освои публиката со одговорот на прашањето: „Ако имаш можност да промениш нешто во светот, што ќе направеше?“. „Ако имам можност да променам нешто во светот, мислам дека ќе биде да испратам порака за тоа колку важно е да се замени исклучувањето со прифаќањето, да се промовира и да се обезбеди правда за другите и за важноста за тоа да им се помага на оние кои имаат потреба од помош“ – изјави таа.







Ова е вторпат претставничка на Порторико да биде прогласена за Мис на Светот. Првата избраничка беше Вилнелија Мерцед која победи на изборот во 1975 година.
Мис Доминиканска Република стана прва придружничка, додека за втора придружничка беше прогласена Мис Индонезија.





Меѓу петте финалистки беа и Мис Кенија и Мис Филипини.



