По 30 години на чело на Версаче, Донатела се повлекува од позицијата креативен директор на луксузниот италијански моден бренд.
69-годишната дизајнерка, која ја раководеше модната куќа од убиството на нејзиниот брат Џани во 1997 година, преку социјалните мрежи објави дека нејзиното место го презема Дарио Витале.


„Восхитена сум што Дарио Витале ќе ни се придружи и возбудена сум што ќе го видам Версаче со нови очи. Сакам да му се заблагодарам на мојот неверојатен дизајнерски тим и на сите вработени во Версаче со кои имав привилегија да работам повеќе од три децении.“
„Најголема чест во мојот живот беше да го продолжам наследството на мојот брат Џани.Тој беше вистинскиот гениј, но се надевам дека имам дел од неговиот дух и истрајност.“
„Во мојата нова улога како Главен амбасадор на брендот, ќе останам најстраствениот поддржувач на Версаче. Версаче е во мојата ДНК и секогаш во моето срце“ – напиша Донатела.
Подоцна, таа сподели фотографии од Џани, од својата младост и од својата работа, а во описот напиша: „Се надевам дека те направив горд досега“.





Донатела и Џани работеа заедно уште од основањето на брендот во 1978 година. Додека тој се опоравуваше од рак на левото уво од 1996 до 1997 година, таа презеде најголем дел од неговите обврски и одлуки, а по неговото убиство во Мајами, ја презеде и клучната позиција во модната куќа.
Само една година и три дена по убиството, Донатела ја претстави својата прва колекција висока мода во хотелот „Риц“ во Париз.









