Почетна » Новости » Актуелно » Херојска душа: Фудбалерот Андреј Лазаров загина спасувајќи други луѓе во пожарот во Кочани

Херојска душа: Фудбалерот Андреј Лазаров загина спасувајќи други луѓе во пожарот во Кочани

Андреј Лазаров направи херојско дело, кое за жал заврши трагично. 25-годишниот фудбалер на Шкупи почина како последица на чадот кој го вдишал додека се обидувал да спаси други луѓе во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Андреј Лазаров

Веста за трагичната смрт на Андреј ја објавија од неговиот фудбалски клуб, од каде напишаа:

Со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани.

Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.

Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.

Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја.

ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб.

Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим.

Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца.

Младиот кочанчанец оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.

Андреј Лазаров

Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Изразуваме искрено сочувство до семејствата на сите починати лица во овој трагичен настан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23798 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.