Вчерашната несреќа во која загинаа 59 лица ја потресе целата јавност.
Меѓу починатите лица е и Сара Пројковска, придружен вокал на ДНК за време на нивниот настап, која соработуваше со многу ѕвезди од нашата естрада. Сара беше самохрана мајка на две деца. Нејзиниот сопруг починал пред четири години.
Сите колеги и музичари со скршени срца смогнаа сили да се потсетат на моментите со Сара и да напишат пораки за збогум.
Каролина Гочева
„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон… многу ќе ми фалиш Сарке моја“ – напиша Гочева.





Игор Џамбазов
„Имаше очи што зборуваат. На земја те соборуваат. А под нив една насмевка вредна вечност. Сарке мила, ќе те паметам дур дишам...“ – стои во пораката на Игор.

Елена Ристеска
„НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја, толку многу поминавме заедно со тебе и Ана, толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме ние три, ти беше таа која не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти - добрица, ферчина, другарчина, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега и како мајка на златни две деца. :((( Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото. Ама Саре вака не се договоривме! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам!“
„Сестро моја, ти беше упорна и борбена да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа! :((( Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, нема никогаш да те преболам! Нема! Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш грб мој! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не не и не!!!.“










Живкица Каленикова
„Сестрице моја Сара Пројковска само вака ќе те паметам, светлинка беше, сега патувај со светлината. Те сакам.“

Калиопи

Тијана Дапчевиќ
„Збогум Сарче, ми ја искрши душава на парчиња. Почивај во мир другарице. Те сакам.“

Тамара Тодевска
„Светол патот пејачке моја. Ќе ни фали твојата енергија. Почивај во мир Сара“.

Марјана Станојковска
