Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мис Полска е новата Мис на светот

Мис Полска е новата Мис на светот

Каролина Бјелавска ја освои титулата Мис на светот на синоќешната манифестација која се одржа во Сан Хуан, Порторико.

Убавата претставничка на Полска беше крунисана на крајот на свеченоста на која беа испратени пораки за мир во Украина.

Мис на светот Мис на светот Мис на светот

„Кога го чув моето име, бев шокирана. Сè уште не можам да поверувам. Почестена сум што ја носам круната Мис на светот и едвај чекам да се зафатам со работа. Цел живот ќе го памтам ова неверојатно поглавје во Порторико“ – изјавила возбудената победничка, која е на постдипломски студии по менаџмент, а работи и како модел.

Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот

40 полуфиналистки беа присутни на церемонијата, која првично беше закажана за декември минатата година, но беше одложена откако тестирањата покажаа дека голем дел од учесничките и екипата беа позитивни на коронавирусот.

За прва придружничка беше прогласена Мис САД, Шри Саини, додека втора придружничка стана Оливија Јасе од Брегот на Слоновата Коска.

Мис на светот Мис на светот Мис на светот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10401 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.