Почетна » Новости » Актуелно » „Панчо мил, Те молам не се предавај“: Ребека со емотивен пост за Панчо од ДНК чија состојба е влошена

„Панчо мил, Те молам не се предавај“: Ребека со емотивен пост за Панчо од ДНК чија состојба е влошена

И Владимир Блажев-Панчо од ДНК се бори за својот живот.

Во емотивна објава, Ребека Јанковска Ристески соопшти дека неговата состојба е влошена и дека моментално се наоѓа на кислородна поддршка.

Владимир Блажев-Панчо

Драги и почитувани пријатели,

Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаја, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.

Панчо мил, Те молам не се предавај!!!!

Владимир е во Систина префрлен вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е.

Во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, од кои осум се членови на бендот ДНК. За жал, неговиот драг колега Андреј подлегна на повредите и го загуби својот живот.

Владимир Блажев-Панчо и Андреј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.