Почетна » Новости » Актуелно » Ужасна трагедија: 51 лице загина, над 118 се повредени во пожар во дискотека во Кочани

Ужасна трагедија: 51 лице загина, над 118 се повредени во пожар во дискотека во Кочани

Македонската јавност ја разбуди страотна вест за трагедија во која згаснаа многу млади животи. 51 лице загина, а над 100 се повредени во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Пожарот избувнал околу 2 часот и 30 минути откако се запила конструкција на таванот по употреба на пламени прскалки за време на концерт на ДНК.

Пожар во Пулс во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти:

„Според првичните информации, пожарот настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосни ефекти. Најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесна запалива материја, по што за многу краток период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ чад. Според досегашните податоци, 51 лице загина, а повеќе од 100 се повредени. Починати лица има во повеќе болници во Македонија. Ќе се врши обдукција на секое загинато лице, за да се идентификуваат.“

Неофицијално, на концертот присуствувале 1.500 лица, односно многу повеќе од капацитетот на објектот. Откако имало неуспешен обид за гасење на пламенот, на присутните им било кажано сите да излезат надвор, по што се создала огромна паника.

Повредените се згрижени во болниците во Кочани и Штип, „8 септември“, Градската болница во Скопје и приватните болници „Жан Митрев“ и „Систина“.

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави:

„Нема пациент кој не е сместен и не е хоспитализиран, сите наши капацитети се ставени во функција за да спасиме што повеќе животи. Не сакам да шпекулирам за бројот на критични пациенти“.

Голем број родители и роднини на социјалните мрежи ги бараат нивните сакани со фотографии и кратки информации за тоа во што биле облечени, бидејќи не знаат во која болница се и каква е нивната состојба.

Сестрата на Владимир Блажев-Панчо од ДНК во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК сподели дека неизниот брат е вон животна опасност, но дека има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка.

Од „Жан Митрев“ и „Систина“ споделија дека нивните врати се отворени за сите на кои им е потребна медицинска помош.

Во вакви моменти, кога зборовите се немоќни да ја опишат болката што ја чувствуваме, најважно е да бидеме заедно. Трагедиите нè потсетуваат дека човечноста, солидарноста и поддршката се најсилните нешта што ги имаме.

Вратите на Клиниката Жан Митрев се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нашиот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност. Веќе неколку лица од несреќата се згрижени во нашата клиника. На располагање ги ставивме и амбулантните возила на Клиниката за да стигнеме до сите на кои им е потребна помош.

Ова се моменти кога мора да останеме сплотени, да си помогнеме и да покажеме дека никој не е сам. Со мислите и срцата сме со повредените, нивните семејства.

Жан Митрев

Ја информираме јавноста дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Болницата е во постојана комуникација со Министерството за здравство и се вклучува во помош онаму каде е најпотребно.

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицнски тим на болницата неопходен за итен третман.

Систина

Од сите страни пристигнуваат понуди за помош и пораки за сочувство до семејствата на настаданите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.